Home / Вести / Хојт Ји: Најблиску до решавање на спорот со името

Хојт Ји: Најблиску до решавање на спорот со името

Решавањето на прашањето на спорот со името е досега на највисоко ниво и најблиску до изнаоѓање решение, оцени денеска високиот претставник на Стејт департментот Хојт Брајан Ји, објави Гласот на Америка на македонски јазик.

– Има уште многу работа да се заврши, и тоа од двете страни. Ќе има преговори и јас сум оптимист дека ќе има решение затоа што расположението и во Грција и во Македонија е на највисоко ниво од кога било досега – истакнал заменик-помошникот американски државен секретар, Хојт Брајан Ји во Центарот за меѓународни односи во Вашингтон.

Оценето е дека иако Македонија навидум има најмалку проблеми околу мировните договори, сепак нејзината безбедност зависи со решавањето на спорот со името и влезот во НАТО.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!