Home / Економија / Соработка на регионалните комори од Македонија, Грција и Албанија

Соработка на регионалните комори од Македонија, Грција и Албанија

Во рамките на трилатералната соработка на регионалните Стопански комори на Битола, Лерин и Унијата на Стопански комори од Албанија, денеска во Битола се одржа бизнис форум за прекугранична соработка.

На бизнис форумот стопанствениците од регионите на овие три земји разменија искуства за подобра прекугранична соработка.

Мирко Велковски- претседател на Регионалната стопанска комора Битола

Мирко Велковски- претседател на Регионалната стопанска комора Битола

Во рамките на овој проект беа разменети искуства за подобро запознавање на стопанските субјекти од трите региони, како и поврзување на економски план.

Присутните на Бизнис форумот во хотел “Капри“

Присутните на Бизнис форумот во хотел “Капри“

На бизнис форумот неколку битолски компании се претставија со нивните палети на производи, а стопанствениците од регионалните стопански комоти на Битола, Лерин и Албанија разменија искуства за нивно поврзување на стопански план како и заедничко аплицирање со проекти во Европската Унија.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*