Home / Вести / Советот за етика одлучи во корист на ТВ “Алфа“

Советот за етика одлучи во корист на ТВ “Алфа“

Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), на седницата одржана на 18 мај 2020 година, врз основа на примена жалбa од Емилија Сарафска, ја донесе следната:

О Д Л У К А ЖАЛБАТА СЕ ОТФРЛА КАКО НЕОСНОВАНА

Телевизија „Алфа“ со прилогот насловен „Агенција за спорт троши 14,5 милиони денари за куглана во Битола, во корона – криза“, не ги прекршила професионалните и етичките стандарди. Бул. Митрополит Теодосиј Гологанов 54/2 1000 Скопје, Македонија www.semm.mk info@semm.mk (02) 3222-595 ЖАЛБА До извршната канцеларија на Советот за етика во медиумите на Македонија, на 27 април 2020 година, Емилија Сарафска, советник во Општина Битола, поднесе жалба за прилогот со наслов „Агенција за спорт троши 14,5 милиони денари за куглана во Битола, во корона – криза“, објавен на 26 април 2020 година, во вестите на телевизија „Алфа“ (www.alfa.mk). Во жалбата се наведува дека прилогот содржи мешање на факти и мислење, вест и коментар, говор на омраза, дискриминација, неточно и нефер известување, пристрасност и неурамнотеженост во информирањето и дека нема разграничување меѓу рекламирање и новинарска содржина. Сарафска посочува дека во содржината се направени неколку сериозни пропусти. Вели дека во насловот на прилогот, наместо сумата во денари, повеќе од 12 часа стоела сума во евра, а и покрај реакцијата од страна на општината, промената на насловот се случил во понеделникот наутро. Таа, меѓу другото, забележува дека медиумот, на својата веб – страница немал импресум и видлива адреса и име на уредник, каде што можело да се реагира. Според неа, целиот прилог бил политички тенденциозен, навредлив за институциите, за градоначалничката и за самата општина, кој во време на пандемија предизвикувал уште повеќе простор за паника, прикажување на несовесно работење и добивање на политички поени со ниски удари, во интерес на опозицијата. „Проектот тече повеќе од две години и ниту во една општина активностите на тековните проекти не се запрени, па така и во кугланата, на која допрва треба да се работи и има рок на реновирање од 12 месеци. Од друга страна, градоначалничката Петровска во предизборната програма ја вети кугланата, но не вети дали таа ќе се направи со општински или со државни пари. Напротив, средствата од Агенцијата за млади и спорт, само ја потврдуваат соработката на државната и локалната власт“, се вели во поднесената претставка. Од Општина Битола, меѓу другото, потенцираат дека побарале, но не добиле извинување од ТВ „Алфа“.

ОДГОВОР НА МЕДИУМОТ

Извршната канцеларија на СЕММ, во согласност со членот 14 од Правилникот за работа на Комисијата за жалби, по приемот и разгледување на жалбата, стапи во контакт со телевизија „Алфа“ и побара да се изјасни по однос на наводите на жалбата. Главната и одговорна уредничка на медиумот, Искра Коровешовска, одговори на наводите на жалбата. Бул. Митрополит Теодосиј Гологанов 54/2 1000 Скопје, Македонија www.semm.mk info@semm.mk (02) 3222-595 Коровешовска вели дека е тенденциозно реагирањето на Општина Битола кога апсолутно никаде во прилогот не било споменато дека општината гради, туку дека кугланата бил проект што го финансира Агенцијата за млади и спорт. Таа појаснува дека тоа што „Алфа“ презентирала документ од јавни набавки немало за цел да наруши нечиј углед, туку да информира каде се трошеле парите на граѓаните, а дека изградба на куглана во време на вонредна состојба, здравствена и финансиска криза, било надвор од сите рационални планови. Во однос на наводите на жалителката околу пропустот во насловот, каде што сумата наместо во денари била наведена во евра, уредничката на „Алфа“ вели дека ненамерната грешка била коригирана. Коровешовска, во одговорот на наводите на жалителот, го пренесува и ставот на дописникот на телевизијата од Битола, Петар Стефановски, кој е автор на оспорениот прилог. Стефановски, во својот одговор, потенцира дека во неколку наврати се обидел, но не успеал да обезбеди став од директорот на Агенцијата, Дарко Каевски, кој не одговарал на телефон. Истото се обидел да го направи и да добие мислење и од градоначалничката на Битола, Наташа Петровска. Тој, како што вели, ги контактирал и советничката за односи со јавност и шефот на Кабинет на градоначалничката, но тие не успеале да обезбедат став од Петровска за случајот со кугланата. Во прилог на одговорот на жалбата, од ТВ „Алфа“ доставија извештај од мобилниот телефон на дописникот Стефановски, како потврда за разговорите кои ги водел, обидувајќи се да дојде до став за случајот. ОДЛУКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЖАЛБИ

Комисијата за жалби утврди дека жалбата е НЕОСНОВАНА и со мнозинство гласови одлучи дека нема прекршување на Кодексот на новинарите на Македонија.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА ОДЛУКАТА

На седницата на 18 мај 2020 година, членовите на Комисијата за жалби ги разгледаа наводите на жалителот и извршија увид во спорната содржина. Најпрво, заклучија дека не можат и немаат право да ги утврдуваат фактите наведени во неа. Надлежност на Комисијата е единствено да ги утврдува етичките и професионалните стандарди во новинарскиот производ. Комисијата, најнапред, утврди дека прилогот на телевизија „Алфа“ е од широк јавен интерес, зашто прашањата за начинот на кој јавните институции ги користат буџетските средства се легитимна новинарска цел и не смеат да биде изземени од теми за кои јавноста има право да биде информирана. Авторот оправдано отвора дилеми за тоа од кои причини во услови на Бул. Митрополит Теодосиј Гологанов 54/2 1000 Скопје, Македонија www.semm.mk info@semm.mk (02) 3222-595 пандемија во градот ќе се прави современа куглана и дали можеби таквиот проект е поврзан со актуелното предизборие. Комисијата се согласи дека оспорениот прилог е коректен и етички, и покрај извесните пропусти во содржината, кои се последица на сосема евидентна и ненамерна грешка. Комисијата констатира дека пропустот во насловот, во кој било наведено дека Агенцијата троши 14,5 милиони евра, наместо 14,5 милиони денари е сериозен, но ненамерен превид, кој во меѓувреме бил коригиран. Ова од причина што во самиот текст е наведена точната сума, изразена во денари. Комисијата не најде елементи дека прилогот е политички тенденциозен, како што тврди подносителката на жалбата, ниту доволно елементи кои упатуваат на неточно и нефер известување, говор на омраза и дискриминација. Новинарот во прилогот опфаќа неколку агли, пренесува став од градежната фирма – изведувач на работите, а во самиот прилог јасно нагласува дека се обидел, но не успеал да добие став и од првиот човек на Агенцијата за млади и спорт, која била надлежна за проектот со кугланата. Иако не е наведено во самиот текст, дописникот на телевизија „Алфа“ тврди дека се обидел да добие одговор и од градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска. Во прилог на одговорот на жалбата, тој достави и препис од извештај на телефонските разговори, кои ги водел тој ден додека се обидувал да стапи во контакт со Петровска. Комисијата при одлучувањето, во предвид го зеде и начелото од членот 1 од Кодексот на новинарите, според кое новинарот може да објави нешто за кое што нема доволно докази, а за кое има доволно индикатори дека е вистина, односно нешто за што постои основано сомнение. Основано сомнение подразбира презентирање аргументи кои се разумни и кои се индикатор дека нешто е вистина, без да имаме конкретен доказ за вистинитоста. Најпосле, во согласност со Декларацијата за слободата на политичката дебата во медиумите, политичарите, јавните функционери и јавните институции прифатиле да бидат поставени под јавна критика за нивниот домен на работа. Новинарската слобода вклучува и искажување на гледишта до степен на претерување, дури и провокација, сѐ со цел да поттикне јавна дебата на конкретна тема. Во оваа насока, Комисијата го зеде предвид и: * Член 4 од Декларацијата за слобода на политичката расправа во медиумите (Комитет на министрите на 872 состанок од 12.12.2014) каде се вели дека: „Функционерите мора да го прифатат фактот дека се, особено преку медиумите, подложни на јавен надзор и критика за начинот на кој начин ги обавувале или ги обавуваат своите функциии, ако тоа е потребно за обезбедување транспарентност и одговорно вршење на нивните функции. Бул. Митрополит Теодосиј Гологанов 54/2 1000 Скопје, Македонија www.semm.mk info@semm.mk (02) 3222-595 * * *

Во согласност со наведеното, Комисијата одлучи како што е погоре наведено. Во работата на Комисијата учествуваа членовите Мирче Адамчевски, Сефер Тахири, Мери Јордановска,Теофил Блажевски, Лилјана Пецова – Илиеска и Ердем Ахмет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*