Home / Македонија / Спасовски ги врати свиркачите Лазаревски и Костовски во МВР

Спасовски ги врати свиркачите Лазаревски и Костовски во МВР

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, објави на фејсбук дека свиркачите Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски од денеска повторно се враќаат на своите работни позиции во МВР.

И двајцата имаа клучна улога во промената на власта во Македонија. Преку нив беше обелодената аферата за масовното прислушкување што незаконски го правела Управата за безбедност и контраразузнавање, на чело со Сашо Мијалков, каде беа вработени пред да бидат обвинети во предметот „Пуч“.

„За професионалците секогаш ќе има место во МВР“, напиша Спасовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*