Home / Uncategorized / Стартува манифестацијата “Избираме најуспешни битолчани” на Битолски весник

Стартува манифестацијата “Избираме најуспешни битолчани” на Битолски весник

Со крајот  на старата 2017, Битолски весник стартува со подготовките за организирање на традиционалната манифестација “ Избираме најуспешни битолчани 2017 “ која  годинава  ќе се одржи по 19 пат.

Петок, на 23 февруари 2018 година Битолски весник по 19 пат ќе ја организира манифестацијата “ Избираме најуспешни битолчани 2017 “ која  битолчани со право  ја нарекуваат битолски “ Оскар”.

Како и секоја година, така и овој пат, на Манифестацијата ќе бидат избарни најуспешните битолчани во областите на политиката, бизнисот, малото стопанство, занаетчиството,образованието, културата, уметноста, естрадата, спортот.

Иако манифестацијата стартува со стартувањето на новата 2018 година, Битолски весник веќе ги почна подготовките за организирање на Изборот на најуспешните битолчани.

Од овој број на огласната страница на Битолски весник, како и на порталот на Весникот битолчани можат да гласаат за своите кандидати на гласачкиот купон кој ќе го објавуваме секоја среда.

Паралелно со подготовкиет за изборот на најуспешните битолчани, Битолски весник ги почна и подготовките и за забавниот дел на Манифестацијата.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*