Home / Спорт / Стартуваа ракометарите на Пелистер

Стартуваа ракометарите на Пелистер

Ракометарите на Пелистер ги почнаа подготовките за новата сезона.На прозивката се јавија сите ракометари на кои тренерот Стевче Алушевски смета за  новото првенство.

Дресот на Пелистер во новата сезона ќе го носат и Хрватот Жарко Чуриќ, Михајло Митиќ, кој доаѓа од чешкиот Плзен, Милош Ивиќ од Црвенка, Вељко Давидовиќ од Бидасоа Ирун, младиот голман Горан Раковиќ, двата ракометари на Прилеп, голманот Милош Рајчиќ и десниот бек од Грузија, Теимуруз Орјоникидзе, повратникот од Охрид, Александар Босеовски и Томи Јагуриновски.

Од тимот од минатата сезона замина Даниловски (Металург), ветеранот Колев (пред потпис со Борец), Борјан Маџовски, Тасевски, Србинот Павловиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*