Home / Култура / Јерчиќ на местото на Светозарев

Јерчиќ на местото на Светозарев

Со решение на министерот за култура, за в.д директор во Народниот театар Битола е именуван Иван Јерчиќ, кој е од редот на вработените актери.

Јерчиќ има повеќе од 11 години актерско искуство и е во работен однос во битолскиот театар. Валентин Светозарев е разрешен од функцијата директор на негово барање.

Исто така, со решение на министерот за култура, Лили Бошевска е разрешена од функцијата директор на националната установа Универзитетска библиотека Св.Климент Охридски Битола, а на нејзино место е поставена Јелена Петровска како в.д. директор на библиотеката. Петровска беше директорка на библиотеката во периодот од 2001 до 2006 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*