Home / Вести / Стартуваше културното лето „Новаци 2021“

Стартуваше културното лето „Новаци 2021“

Со музичкото шоу „Имат-Немат” и настап на десетина естрадни уметници, синоќа
во Новаци беше означен почетокот на 9-то издание на културно-забавно лето „Новаци
2021“, манифестација која традиционално се одржува во општина Новаци во организација на „Пикси студио“, а под покровителство на локалната самоуправа и градоначалникот Љубе Кузманоски.

Културното лето во Новаци официјално за отворено го прогласи градоначалникот на општината, Љубе Кузманоски. При своето обраќање Кузманоски го истакна значењето на една ваква манифестација, која значи не само збогатување на културно забавниот живот на сите генерации на граѓани, туку и збогатување на туристичката понуда на општина Новаци што ќе придонесе за рамномерен локален културен развој.

Отворањето го проследија околу 400 посетители од сите краишта од Пелагонискиот регион. На музичкото шоу „Имат-Немат“ настапија десетина естдрадни уметници меѓу кои Анета Мицевска – Молика, Борче Наумовски, Група Маестрал, Ташко Каранфиловски, Дани-Даниела, Зоран Далчевски, Гордана Костоска, Ангел Стојкоски, Лени Партикова и Роберт Ристески.

Во претстојниот летен период, месецов и во август, ќе се одржат бројни културни настани во повеќе населени места на општина Новаци, која е најголема по територија, но најмалку населена во државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*