Home / Вести / Стожерот на битолското новинарство

Стожерот на битолското новинарство

                  

Жанета Здравковска, новинар на порталите “Сакам  да кажам“ и “ Апла мк“ за јубилејот на Битолски весник вели:

-”Битолски весник” е стожерот на новинарството во Битола.

Скоро и да нема новинар кој не соработувал со овој медиум во рамките на својот професионален развој. Весникот е хроничар на Битола, енциклопедија за случувањата во градот.

Во неговата архива зачувани се многу вредни информации за развојот на Битола. Опстојувањето на ,,Битолски весник” во услови кога повеќето печатени  медиуми згаснаа, и тоа како ја покажува потребата од печатени медиуми во услови кога на социјалните мрежи се пласираат секакви невистини.

 Убаво е чувството кога држите весник во рацете, поинакво е доживувањето кога од него читате добро обработена тема. И визуелно и информативно поинаку се доживува. Затоа продолжете напред, опстојте во битката со електронските медиуми и чувајте го ,,Битолски” , најпрепознатливиот медиумски белег на Битола .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*