Home / Uncategorized / Триесет дена притвор за атентаторот на Тодоров

Триесет дена притвор за атентаторот на Тодоров

Триесет дена притвор му се изречени на дедото на Тамара, Љупчо Стојановски, кој е осомничен за обид за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, во кого вчера пукаше со огнено оружје. За време на рочиштето во Кривичниот суд на три наврати интервенираше екипа на брза помош зашто приведениот не беше во стабилна состојба. Неговиот адвокат изјави дека Стојановски не бил во состојба да зборува, па затоа се бранел со молчење.

Во меѓувреме  МВР излезе со детали од вчерашниот оружен инцидент што се случи пред  Министерството за здравство:

„Денеска СВР Скопје-Единица за насилен криминал, со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје го предаде лицето Љ.С.(60) од с.Каласлари-Велес, поради основи на сомнение дека на 01 јуни, пред Министерството за здравство, со пиштол, врз Н.Т. (38) од Скопје, поранешен министер за здравство, го сторил кривичното дело – „убиство во обид”, соопшти МВР.

Имено, вчера околу 12 часот додека Н.Т. заедно со неговото обезбедување, се движел по скалите кон влезот на Министерството за здравство, каде требало да се изврши примопредавање на функцијата министер за здравство, Љ. С.се доближил до оштетениот со вперен пиштол кон него на растојание од околу 40 см, на што оштетениот реагирал на тој начин што го отурнал од себе. Во моментот кога Љ.С. бил отурнат од оштетениот, испукал еден проектил од пиштолот додека Н.Т. избегал низ влезната врата од Министерството за здравство каде ги известил вработените од обезбедувањето.

Од страна на вработените од обезбедувањето веднаш се преземени мерки и активности, при што во обидите да биде совладан, Љ.С. испукал уште еден проектил, по што пиштолот му паднал на земја и бил совладан.

По ова, од страна на вработените во обезбедувањето настанот бил пријавен на 192 и за кусо време пристигнале полициски службеници од ЕПОИ АЛФА по што Љ.С. бил лишен од слобода и со возило на ИМП во присуство на лекар, од местото на настанот бил пренесен до Ургентен клинички Центар „Мајка Тереза” Скопје.

Во рамки на преземените истражни дејства извршен е и разговор со таткото на оштетениот, при што тој изјавил дека на 01.06.2017 година, меѓу 08.15 и 08.45 часот, на домашната адреса на оштетениот во два наврати дошол пријавениот барајќи да се види со поранешниот министер за здравство.

На местото на настанот од страна на СВР Скопје-ЕУМНА е извршен увид и подигнатиот материјал (еден пиштол и други предмети) е доставен за понатамошна обработка, а пријавениот по укажаната лекарска помош е задржан во полициска станица. Во дадената изјава пред полициските службеници од Единицата за насилен криминал, Љ.С., во присуство на адвокат го искористил правото на молчење”, соопштти МВР.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*