Home / Свет / Тројца преживеани од авионската несреќа во Колумбија

Тројца преживеани од авионската несреќа во Колумбија

Во авионот кој се урна во Колумбија загинале 76 лица, а најмалку тројца преживеани се од бразилски фудбалски клуб кој бил меѓу патниците.

Колумбиските власти соопштија дека авионот кој превезувал 81 патник од кои 9 лица биле членови на екипажот се урнал во близина на градот Меделин.

Фудбалерите од тимот Шапекоенсе утре требаше да играат во финалето на американскиот Супер куп.

Меѓу патниците имало и новинари, како и стручниот штаб на тимот.

Причината за падот на леталото не е позната, но во тоа време, според новинските агенции, во тој регион имало големо невреме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!