Don't Miss
Home / Uncategorized / Маскирани лица ограбиле административна канцеларија во Битола

Маскирани лица ограбиле административна канцеларија во Битола

Две маскирани лица завчера извршиле разбојништво, одземајќи еден ди-ви-ди плеер “Филипс“, златен накит и бижутерија, од административна канцеларија на улица „Браќа Мингови“ во Битола, што Д.Д. (74) вчера го пријавил во полиција.

Пријавителот, откако го отклучил катанецот од влезната врата на наведениот објект, од задната страна му дошле лицата, го турнале по скалите каде тој паднал, му ги врзале рацете и устата, по што му побарале пари.

Откако, Д.Д. им кажал дека има само 250 денари, лицата не му ги одзеле, туку почнале да пребаруваат по објектот, каде што ги нашле и одзеле наведените работи и го напуштиле местото на настанот.

Увид извршила екипа на полицијата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*