Home / Вести / Ципрас слета во Скопје

Ципрас слета во Скопје

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изутринава пристигна на Аеродоромот Скопје од каде ќе се упати кон Владата каде што ќе биде пречекан со државни и воени почести. На скопскиот аеродром тој беше пречекан од министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и од министерот за економија, Крешник Бектеши. 1 на 5

Официјалната посета на Северна Македонија, прва на некој грчки премиер, Ципрас ќе ја почне со средба со неговиот домаќин премиерот Зоран Заев.

По тет-а-тет разговорите Заев – Ципрас и меѓувладиниот состанок, двајцата премиери ќе одржат заедничка прес-конференција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!