Home / Вести / Уапсен возачот на Струшкиот автобус кој се преврте кај Лесковац

Уапсен возачот на Струшкиот автобус кој се преврте кај Лесковац

Драматична и страшна. Вака патниците на автобусот на компанијата „Еуробас“ од Струга ја опишуваат сообраќајната несеќа која се случи во 01.40 часот ноќта помеѓу сабота и недела на влезот во Лесковац. Тројца македонски државјани починаа, а останатите 32 се полесно или потешко повредени откако автобусот излетал од патот.

За несреќата опширно и детално известуваат српските медиуми кои пренесуваат сведоштва на патниците.

-Спиев кога ме разбуди врискање и повици за помош. Видов луѓе со крв на главите и на рацете. Сите бевме преплашени, а уште повеќе се вознемирив кога слушав како некој извикува дека има починати. Набрзо во автобусот влегоа лекари од Брза помош. Веднаш почнаа да ни помагаат, а не знаеја на кого прво да му пријдат. После нив дојдоа пожарникари, ги извлекуваа патниците еден по еден – раскажува момче од Битола, кој заврши со повредена рака.

-Призорот беше морничав. Автобусот беше свртен на страна, патниците извикуваа од болка и бараа помош, додека скршеници од стакло имаше на сите страни. Четворица луѓе беа заробени во автобсот. Лекарите веднаш потрчаа да им помогнат, за жал, за тројца од нив веќе беше доцна – велат сведоци на несреќата.

Како што додаваа тие, неколкумина патници биле приклештени во автобусот, додека две жени биле заробени под возилото.

Се уште не се утврдени причините за несреќата, но најверојатно причината лежи во повеќе фактори. Пред се неофицијални извори од Србија истакнуваат дека коловозот бил лизгав поради снегот, но се шпекулира и дека возачот на автобусот возел со неприлагодена бризина. Наводно брзината се движела околу 100 километри на час, иако патот бил завеан со снег.

-Сепак треба да се почекаат резултати од истрагата за со сигурност да може да се каже што довело до сообраќајката – велат неофицијален извори за српските медиуми кој додава дека возачот по несреќата бил уапсен.

Возачот е приведен во полициска станица по сомнение дека е одговорен за трагедијата, но и самиот е тешко повреден. Повредените се со скршеници, набиетини, а биле и премрзнати поради ниските температури. Една од жените кои се хоспитализирани во Ургентниот центар во Ниш има сериозни повреди на рбетот и на градниот кош, потешко е повреден маж кој исто така има повреди на градниот кош. Четворица повредени биле пренесени во Ниш, а 28 во лесковачката болница.

Автобусот во саботата околу 20 часот тргнал од Прилеп кон Виена. Кога бил во близина на Лесковац, ненадејно излетал од коловозот и се превртел.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!