Home / Вести / Васко Ковачевски претседател на Комисијата за буџет

Васко Ковачевски претседател на Комисијата за буџет

По шест дена одложување денеска почна комисиската расправа за предлог буџетот за 2018 година, но без опозициските пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Пратениците од оваа партија не присуствуваа на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет и покрај тоа што имаат поднесено околу 200 амандмани.

Заседавањето со комисијата го презеде власта, откако претседателот на Собранието, Талат Џафери, го овластил за тоа пратеникот на СДСМ, Васко Ковачевски. Расправата продолжи, но без контрирање на ставовите, туку со општо „жалење“ по пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

– Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да дојдат да се вклучат во дискусијата за буџетот и да ги бранат многуте амандмани што ги предложија. Доколку донесат таква одлука, во секој момент претседателката на комисијата, Лилјана Кузмановска, може да дојде и да продолжи да ја води дебатата, која треба да биде суштинска. Поминаа шест дена, а за комисиска расправа се предвидени 10 дена – рече пратеникот на СДСМ, Јован Митрeвски.

Присутните пратеници ги повикаа своите колеги да се вратат во собраниските клупи за да можат, како што рече, да ги спротистават гледиштата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!