Home / Свет / Вечерва почнува 60-от Евросонг

Вечерва почнува 60-от Евросонг

Натпреварот за Избор на песна на Евровизија вечерва свечено ќе ги отвори своите врати по 60-ти пат, со одржување на првата полуфинална вечер.

На неа ќе настапат претставници од 16 земји, кои ќе се обидат да обезбедат „билет“ за финалната вечер во сабота на 23 мај.

Меѓу учесниците на ова полуфинале е и македонскиот претставник Даниел Кајмакоски, кој ќе настапи под реден број 8 со песната „Лисја есенски“.

Покрај Македонија, во убавата сала „Виенер Штадхале“ вечерва ќе настапат и претставниците на Молдавија, Ерменија, Белгија, Холандија, Финска, Грција, Естонија, Србија, Унгарија, Белорусија, Русија, Данска, Албанија, Романија и Грузија.

Во втората полуфинална вечер в четврток на 21 мај ќе ги гледаме Азербејџан, Кипар, Чешка, Исланд, Ирска, Израел, Летонија, Литванија, Малта, Црна Гора, Норвешка, Полска, Португалија, Сан Марино, Словенија, Шведска и Швајцарија.

Пласман во финале ќе обезбедат по десет земји од секое полуфинале.

Евровизијата во Австрија ја донесе Кончита Вурц, откако лани во Копенхаген победи со песната „Rise Like a Phoenix“.

Победникот за јубилејната 60-та Евровизија ќе го дознаеме во сабота, а според букмејкерите главни фаворити за тоа се Шведска и Италија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!