Христијанските верници во Битола во најголем број ги послушаа (пре)пораките на Министерството за здравство и Владата, за време на Велигденските празници да нема масовни посети на црковните храмови.
![](http://bitolskivesnik.mk/wp-content/uploads/2020/04/czrkva-1-1024x1024.jpg)
![](http://bitolskivesnik.mk/wp-content/uploads/2020/04/czrkva-2-1024x1024.jpg)
Денеска во црквата “Св. Димитрија“ во Битола, која во минатото на денешен ден беше масовно посетена од верниицте, денеска на Велики петок беше буквално празна.
![](http://bitolskivesnik.mk/wp-content/uploads/2020/04/czrkva-3-1024x1024.jpg)
![](http://bitolskivesnik.mk/wp-content/uploads/2020/04/czrkva-4-1024x1024.jpg)
Во дворот на Црквата можеа на прсти да се избројат неколкумина верници, кои палеа свеќи за здравје, а многу мал беше бројот и на верниците кои се причествуваа, како и на тие кои во црквата ја следеа црковната богослужба.
![](http://bitolskivesnik.mk/wp-content/uploads/2020/04/czrkva-5-1024x1024.jpg)
Очигледно дека (пре)пораките на надлежните државни институции стигнаа до верниците кои овој пат беа крајно дисциплинирани и одлучија Велигденските празници да ги поминат во своите домови со своите најмили.