Home / Uncategorized / Ветераните ги враќаат сеќавањата за маестро Мате

Ветераните ги враќаат сеќавањата за маестро Мате

Петок, на 5 октомври, под покровителсто на  познатиот  спротски работник, Трифун Костовски, а во договор со  Општината Битола и Битолски весник, во пресрет на празникот 11 Октомври,  во Битола ќе се одржи првиот меморијален турнир за ветерани  во фудбал и ракомет “ Мате Шундовски”.

На турнирот кој ќе се одржи на 5 октомври на стадионот под Тумбе Кафе и спортската сала “ Боро Чурлевски “ ќе настапат екипите на Пелистер и Победа(фудбал) и  екипата на РК Пелистер  и селекцијата на Пепи Манасков, како и екипата на Кире Лазаров 7 во ракомет.

Со организацијата на овој турнир, кој според ирганизаторот, ќе биде традиционален, ветераните ќе ги вратат сеќавањата за познатиот диригент на битолските навивачи, Мате Шундовски.

На тој начин Битола ќе му се оддолжи на популарниот Мате за се што тој направи за афирмација на спортското навивање и на спортот во Битола.

Натпреварите ќе се играат на  5  октомври, а по завршувањето на натпреварите во хотелот Епинал ќе се одржи свечено врачување на признанијата и голема забава за учесниците на турнирот.

Според зборовите на покровителот на турнирот, Трифун Костовски, овој турнир ќе биде традиционален и секоја година ќе се одржува во пресрет на празникот 11 Октомври.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*