Home / Вести / ВМРО-ДПМНЕ ја прослави победата на изборите пред Општинскиот комитет

ВМРО-ДПМНЕ ја прослави победата на изборите пред Општинскиот комитет

Пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Битола симпатизерите на партијата ја прославија победата на вчерашните Парламентарни и втор круг на Претседателски избори.

-Никој не победил народ! Благодариме, Битола!
Битола секогаш е носител на промените.
Државата во рацете на народот-им порача на членовите и симпатизерите, претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола, Пеце Милевски.

Градоначалникот Тони Коњановски на неговиот Фејсбук профил напиша:

-Горд сум на мојот Македонски народ, а посебно сум горд на моите битолчани! Ви Благодарам што избравте промени за Горда Македонија. Државата е повторно на народот, на граѓаните! Победата на ВМРО-ДПМНЕ на овие Избори е победа на Македонија! Честитки до сите граѓани и заедно да се радуваме на промените кои ќе следуваат!- напиша градоначалникот Коњановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*