Home / Македонија / ВМРО ДПМНЕ го осуди нападот на караулата Гошинце

ВМРО ДПМНЕ го осуди нападот на караулата Гошинце

Повикуваме институциите одлучно и решително да постапат за расчистување на овој случај, и да ја обезбедат законитоста, сигурноста и стабилноста по сите основи, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во кое најостро се осудува терористички настан во селото Гошинце.

– Граѓаните на Република Македонија треба да останат смирени и да не дозволат реализација на сценарија чија цел е дестабилизација на земјата и загрозување на редот и поредокот. Сите политички чинители, поединци и партии треба одговорно да се постават во овие моменти, да се воздржат од манипулации и да не подгреваат тензии кои се единствено во теснопартиски и лични интереси, се наведува во денешното соопштение од владејачката  ВМРО-ДПМНЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*