Home / Uncategorized / ВМРО ДПМНЕ: СДСМ е полициска хунта

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ е полициска хунта

Владата на СДСM и Зоран Заев спроведе криминални избори и со тоа остави црна трага и голема дамка во историјата на Македонија, соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Локалните избори на 15-ти октомври ни најмалку не наликуваа на фер, слободни и демократски избори, а волјата на граѓаните воопшто и не беше испочитувана поради преголемиот притисок и изборниот инжинеринг од страна на Социјалдемократскиот сојуз и Зоран Заев. Секој ден се повеќе и повеќе информации ни пристигнуваат за изборни нерегуларности и притисоци. За прв пат во историјата на независна Македонија имавме убиство на независен кандидат за советник, во предизборниот период и на денот на гласањето имаше голем број на нерегуларности, уцени, поткуп, инциденти, а полицијата наместо да делува во служба на граѓаните и законите, дејствуваше во функција на СДС, Заев и Спасовски“, се наведува во соопштението.

Од таму истакнуваат дека СДСМ владее како полициска хунта во државава, а не како демократска власт.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*