Don't Miss
Home / Култура / Во 3Д киното богата филмска понуда

Во 3Д киното богата филмска понуда

Во  редовниот репертоар на 3Д киното на Центарот за култура- Битола љубителите на   филмската уметност имаат можност  да ги проследат најновите европски и светски  филмски наслови во затоплена сала.

Студеното време е одлична можност за посетителите да го проследат  документарецот за култната група Битлси кој започна да се прикажува од 18  ноември.

Минатиот месец се навршија 36 години од постоењето на Центарот за култура како културна установа , а на 24 ти ноември се одбележаа три години  од постоењето на современото  3Д кино.

Досега над 130 илјади посетители проследиле проекции во 3Д киното во кое биле прикажани над две илјади филмски проекции и над 200 светски премиери.

Се гледаме на кино!

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*