.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Македонија / Во акцијата “Арсенал“ кривични пријави за 9 лица

Во акцијата “Арсенал“ кривични пријави за 9 лица

Министерството за внатрешни работи поднесе 9 кривични пријави за акцијата која утрово беше спроведена, а на која и е дадено името „Арсенал”. Имено, според обвиненијата, лицата се товарат дека земале повеќе пари од потребното за сервисирање на хеликоптерите во Украина, со што ја оштетиле државната каса за 2, 77 милиони долари или 135 милиони денари.

Пријавените девет лица се од Скопје, Кочани, Струга и Пробиштип. Тие се на возраст од 51 до 67 години. Според информациите на МВР, кривичните дела се случиле во периодот од 2004 до 2009 година.
-Лицата се товарат дека за сервисирање на хеликоптерите во Украина потрошиле повеќе пари отколку што било потребно. Инаку за нивното сервисирање, плаќале и за делови кои не биле потребни. Подоцна овој остаток од пари легнувале на сметки на фирми во и надвор од Македонија”, велат од МВР.

Во акцијата се уапсени и Нелко Менкиновски, Ванчо Деликатес со семејството и директорот на компанијата Сувенир Самоков.

Од МВР додаваат дека уапсениот екс- началник на секторот за логистика во Министерството за одбрана досега бил двапати пријавуван.

Тој во случајот „Тенковски делови” осуден на казна затвор од две години, а потоа Апелација му ја намалила казната на условно.

 

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*