Don't Miss
Home / Uncategorized / Притвор за двајца разбојници од Битола

Притвор за двајца разбојници од Битола

СВР-Битола на 17.10.2014 г. до Основното јавно обвинителство -Битола поднесе кривична пријава против лицата С.А. (23) С.Р. (21) и двајцата од Битола, заради постоење на основи на сомнение дека првопријавениот извршил две кривични дела “разбојништво” , а второпријавениот едно кривично дело “разбојништво”.
Во текот на месец октомври 2013 година , околу 02,00 часот пријавените со намера да присвојат туѓ подвижен предмет и за себе да остварат противправна имотна корист, во Битола, се префрлиле преку авлијата и влегле во куќата , каде со употреба на сериозна закана, со зборовите и со употреба на физичка сила од сопственикот одзеле 4600 денари.

Откако му ги одзеле парите, му одзеле батерија за чешма, индикатор за во купатило, лупа, наочари, сензор за сијалица, чинија и војничка чутура, по што ја тргнале штицата со која оштетениот ја потпирал вратата одвнатре и заминале.
Во текот на месец ноември, минатата година утрото во околу 04,30 часот, со намера да присвои туѓ подвижен предмет и да оствари противправна имотна корист, првопријавениот повторно се упатил на истата адреса во Битола, се префрлил преку терасата и влегол во куќата на оштетениот.

Првопријавениот во рацете држел ловечки нож и со закана по живот му побарал пари, при што, откако оштетениот му кажал дека нема пари, му наредил да седне на еден пластичен стол и започнал да пребарува низ куќата, при што пронашол 1000 ден. пари кои пријавителот ги имал скриено во кутијата каде што чувал храна, а му одзел и секира, казма, пила, рачна дупчалка, клешта, роцангла и една лупа.

Со превземеното дејствие предизвикал материјална штета од околу 6000 денари.

Во почетокот на месец мај годинава околу 23,00 часот пријавениот повторно на истата адреса во Битола се префрлил преку авлијата, влегол во куќата оштетеното лице, со ловечки нож во едната и батериска ламба во другата рака, веднаш му го ставил ножот под грло и со употреба на физичка сила го прашал каде му се парите.

Пријавителот не му дал пари бидејќи немал, по што лицето му одзело една метална кутија со големина 30х40см и две метални тркала од количка. Материјалната штета изнесува околу 700 денари.

Од страна на судија за претходна постапка при Осовен суд -Битола на пријавените им е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*