Home / Uncategorized / Во РЕК Битола немаше хаварија, штетата минимална

Во РЕК Битола немаше хаварија, штетата минимална

По информациите за дефектот во рудникот „Брод-Гнеотино“ денеска РЕК Битола со информација до јавноста во која се вели дека дефектот нема да влијае на било кој начин врз цената на произведената електрична енергија.

„Заради комбинација на човечко невнимание и ,во подолг временски период во минатото, занемарување на оперативните потреби, во саботата, на 10 ноември дојде до оштетување на дел од металната конструкција на претоварниот уред на багерот СРС 2000/2, ангажиран на ископ на јаловина (земја) на Втор БТО систем во Рудникот Брод Гнеотино. Потенцираме дека се работи за незначителна материјална штета, а последиците од дефектот ќе бидат санирани во рок од една недела со ангажман исклучиво на вработените во ПЕ Рудници.
Напоменуваме дека во моментот на незгодата, на работните места беа ангажирани работници со повеќегодишно искуство, соодветно обучени за конкретните позиции во ПЕ Рудници. Целосно ги отфрламе инсинуациите за било какви кадровски промени во Комбинатот по партиски клуч.
Нон сенс се тврдењата дека дефектот ќе влијае на било кој начин врз цената на произведената електрична енергија на АД ЕЛЕМ, како и на потребата за дополнителен ангажман на надворешни фирми. Очигледно се работи за безоѕирна шпекулација која во голем дел е последица на еклатантно непознавање на производствениот процес во РЕК Битола.
Најголем доказ за домаќинското работење на АД ЕЛЕМ, вклучително и Подружницата РЕК Битола е фактот што Државните електрани на Македонија во текот на годинава седум пати продадоа вишоци електрична енергија на отворениот пазар и остварија приход од скоро 20 милиони евра. Исто така, за првпат по многу години, АД ЕЛЕМ побара од Регулаторната комисија за енергетика и намалување на цената на струјата“ .

Вчера во Битола генералниот директор на ЕЛЕМ Драган Миновски рече дека штетата од дефектот според првичната проценка ќе биде мининална.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*