Home / Uncategorized / За СДСМ Чулев прифатлив кандидат за министер за внатрешни работи

За СДСМ Чулев прифатлив кандидат за министер за внатрешни работи

СДСМ го прифаќа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ разузнавачот Наке Чулев да биде технички министер за внатрешни работи во пржинската влада.

„Со овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ, не се крши Уставот, не станува збор за воено или униформирано лице и не е под обвинение. Со тоа се исполнети условите предлогот да оди на гласање во Собранието заедно со целата преодна влада која треба да ги спроведе изборите на 12 април“, соопштија од владејачката партија на Зоран Заев.

Претходно, социјалдемократите го одбија првичниот предлог на ДПМНЕ технички министер да стане армискиот полковник Драган Ковачки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!