Home / Вести / Заев: Кризата е зад нас

Заев: Кризата е зад нас

Денес сме чекор поблиску до членство во Европската унија и достигнување на европските стандари, изјави премиерот Зоран Заев откако Европската комисија во извештајот до Европскиот совет предложи чиста безусловна препорака за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ.

-Минатите две години ЕК ја услови препораката со фер и демократски избори и имплементација на препораките на Прибе, односно слобода, демократија и реформи. Тоа значи дека политичката криза е зад нас и дека сме влезени во редовни политички процеси за секоја функционална демократска држава. Најголемата заслуга за ова ја имаат граѓаните на РМ, кои се бореа за демократија, напредок и избраа нова влада што ја задолжија да спроведе реформи – рече Заев.

Тој додаде дека со Грција се фокусирани на надминување на проблемот со уставното име на земјава, кој, според него, треба да се реши и да се затвори ова прашање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!