Home / Вести / Во наредните недели договор за името со Грција

Во наредните недели договор за името со Грција

Еврокомесарот Јоханес Хан во интервју за Дојче Веле  зборувајки за европерспективите на Западен Балкан, за преговорите за името меѓу Скопје и Атина, како и работата на актуелната влада и делувањето на опозицијата во Македонија, изјави

-Длабоко сум уверен дека во наредните недели може да дојде до договор. Мислам дека тие сега отворија нова страница во нивните односи. Исто така и односот меѓу Скопје и Софија е унапреден. Тие сега постигнаа договор за добрососедство за кој се преговараше со години, така што мислам дека новата влада во Скопје врши прилично добра работа. Исто така го поздравувам и го ценам тоа што опозицијата сега е во многу поконструктивен модус, се врати во парламентот, учествува во политичкиот живот и особено во севкупната цел – европската перспектива“. Вака гласи одговорот на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на прашањето: што очекува од преговорите меѓу Македонија и Грција за спорот за името во рамките на интервјуто за Дојче Веле.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!