Home / Спорт / Шест златни медали за “ЗА НЕД ДО”

Шест златни медали за “ЗА НЕД ДО”

Академијата за боречки спортови и вештини „ЗА НЕД ДО” од Битола по кој знае кој пат во вистинско светло ја претставуваше Битола и нашата држава на меѓународната сцена.

Деновиве “ЗА НЕД ДО “  ги собра златните медали на меѓународниот турнир кој се одржаа во градот Лангада, соседна Република Грција .

Имено „ЗА НЕД ДО” на покана на Грчката федерација за боречки вештини и спортови деновиве учествуваше на осмиот интернационален и 12  сегрчки шампионат за боречки вештини и спортови.

Натпреварувачите повторно манифестираа фантастичен настап и се вратија  дури со  6 златни медали, што е потврда за напорното работење и големата посветеност и професионалност на Академијата.

На натпреварите учество зедоа  голем број членки од неколку држави од светот и регионот на Балканот, како и над 100 клубови од Грција  со над 1.000 натреварувачи, додека тимот на “ ЗА НЕД ДО “ беше составен од  пет натпреварувачи кои се натпреваруваа во неколку дисциплини и повеќето борби.

Тимот на “ЗА НЕД ДО” го предводеше главниот тренер на Академијата – Дијана Неделковска.

-Ние на овој настан, кој за грчките боречки спортови и вештини и спортови е буквално најголем во текот на годината, настапуваме веќе седми пат. Голема чест ни е што Грчката федерација за боречки вештини не кани на настан на кој во основа нема грчки клуб, или академија кои не учествуваат на овој турнир.

Воедно се одржа и интернационалниот натпревар.

 На двата настани, Академијата “ЗА НЕД ДО” години наназад е официјален преставник на нашата земја која е членка на Светската Федерација за боречки вештини и спортови. И годинава, поради финансиите Академијата беше принудена  да состави мал, но компактен тим. Тргнавме со пет натпреварувачи, очекувањата како и секогаш беа посветени кон професионалниот технички дел во борбите и демонстрациите, а победите т.е 6 златни медали беа само потврда дека патеката по која чекориме е исправната. Интересно е да се напомене дека за нашиот тим се натпреваруваше и д-р. Кире Здравески, кој со своите 75 години беше највозрасниот натпреварувач на овој спортски настан, изјави Дијана Неделковска, главен тренер на Академијата “ЗА НЕД ДО”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!