Home / Вести / Зимската служба подготвена го дочека првиот снег

Зимската служба подготвена го дочека првиот снег

               

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, во неделата, по паѓањето на првиот снег го посети јавното претпријатие “Нискоградба”, со цел да ја согледа динамиката со која работи зимската служба, по врнежите од снег.

Од страна на директорот на КЈП “Нискоградба”, Зоран Талевски, градоначалникот Коњановски, беше информиран дека, екипите на претпријатието од раните утрински часови, работеа на терен и до 12 часот беа исчистени улиците од прв и втор приоритет.

 Исто така, се интервенираше и во руралните места, на просторот на поранешните општини Бистрица, Кукуречани и Цапари.

Зимската служба на општина Битола, е подготвена со доволни количини на сол и ризла и добро екипирана за работа и во следните денови кога се очекуваат ниски температури.

Од страна на КЈП “Нискоградба”, апелираат до граѓаните, да не ги паркираат возилата на улиците, за да може да се обезбеди непречен пристап и навремено делување на екипите на зимската служба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*