Home / Uncategorized / Звездана Георгиева (ќе) ви ја претскажува иднината

Звездана Георгиева (ќе) ви ја претскажува иднината

Живееме во мошне турбулент­ни времиња, кои се проследени со стрес, депресии, зависности …

Токму затоа Битолски весник од наредниот број воведува нова рубрика во која психологот и јасновитката Звездана Георгиева ќе може да ви дава совети за тоа како да ги надминете  стресните ситуации и да ја чуете вашата иднина.

Звездана Георгиева, која де­новиве го посети Битолски весник е единствена јасновитка по  баба Ванѓа.

Таа цели 20 години дава најточни претскажувања за политиката, бизни­сот, дијагностиката и личниот живот.

Звездана Георгиева има завршено психологија на Меѓународниот славјански институт во Москва.

Магистер е по социјална и трудова психологија.

Подоцна се запишува на Клиничка  психологија во Руси­ја, а моментно е магистер на Уни­­верзитетот во Калифорнија по парапсихологија.

Автор е на многубројни пуб­ликации и преку 25 години организира предавања за изле­кувањето на духот.

Нејзините услуги ги користеле голем број бугарски политичари и влијателни луѓе од американската политичка сцена.

Доколку сакате да добиете совет од Звездана Георгиева потребно е само да го пополни­те купонот кој од оваа недела ќе излегува во Битолски весник.

 

Б.В.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*