Don't Miss
Home / Градска хроника / В среда, на пладне ќе се отвори Куќичката на Дедо Мраз

В среда, на пладне ќе се отвори Куќичката на Дедо Мраз

Во срцето на Битола, спроти градскиот часовник, в среда (24.12) точно на пладне се отвора Куќичката на Дедо Мраз.

Во внатрешноста на објектот децата ќе можат да се запознаат и фотографираат со најсаканиот дедо на светот, а заедно со нивните родители да се вклучат во големата хуманитарна акција.

Во куќарката, на собирните пунктови може да се донира облека, играчки и нерасиплива храна.

10801577_610794979047716_4653374559351989758_n

Донациите се наменети за дваесетина социјално ранливи семејство од Битола и околината. Куќичката ќе биде отворена се до 31 ви декември, а ќе работи од 11 до 20 часот.

-Ајде да ги научиме нашите деца за моќта на хуманоста и да им дозволиме да ја почувствуваат магијата на празниците! Минатата година куќичката ја посетија повеќе од 1500 деца, а беа собрани педесетина илјади денари, педесет килограми нерасиплива храна, околу двесте играчки и триесетина килограми облека кои се донираа на социјално ранливи семејства и во Заводот за деца со оштетен слух и говор Кочо Рацин – Битола. Помогнете и годинава, подадете рака, споделете насмевка- повикуваат битолчанките  Елена Стојчева,  Марија Петровска и Маја Кузмановска, идејни творци на акцијата,  кои веруваат во моќта на хуманоста.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*