Home / Uncategorized / Аневски: Оставката ја поднесов од лични причини

Аневски: Оставката ја поднесов од лични причини

На денешната седница поднесов оставка од функцијата претседател на Советот на јавни обвинители од лични и семејни причини, изјави денеска Петар Аневски кој беше шеф на Советот.

– В четврток членовите на Советот ќе одлучуваат по мојата оставка. Дали ќе ја прифатат или не, тоа е нивна одлука. Без разлика на мојата оставка, јас и понатаму останувам на функцијата член на Советот на јавни обвинители бидејќи сум избран од ОЈО Битола и ќе продолжам со таа функција од 1 септември ако биде прифатена мојата оставка. Мојата функција изминува во 2020 година и уште три години имам да ја вршам функцијата член на Советот на јавни обвинители – нагласи Аневски.

Петар Аневски беше избран за претседател на Советот на јавни обвинители од 30 јуни 2014. На чело на Советот дојде од Вишото обвинителство во Битола.

Според Законот за Советот на јавни обвинители на РМ, претседателот на Советот се избира од членовите на Советот, од редот на избраните јавни обвинители, со мнозинство гласови од вкупниот број членови со тајно гласање. Советот на јавни обвинители, согласно законот, треба да брои 11 членови.

На денешната седница, Советот на јавни обвинители за вршител на должност претседател на Јавното обвинителство ја именуваше обвинителката Лилјана Спасовска. Таа ќе ја извршува функцијата до именување на нов државен јавен обвинител на Македонија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*