Денеска, Организацијата на жени од Битола на плоштадот “Магнолија“ организираше акција од хуман карактер, во рамки на одбележувањето на Неделата на детето.
За таа цел организираа продажна изложба, а собраните средства ги донираа на младиот Томе Киријази.
– Денес на плоштадот “Магнолија“ организираме продажна изложба, а сите средства кои ќе ги собереме ќе ги донираме на младиот Томе Киријази кој моментално е прва година на факултет, а поседува огромен квалитет и потенцијал – изјави Светлана Петковска, претседател на Организацијата на жени од Битола.
Б.В.