Home / Uncategorized / Возниот парк обновен со стари камиони

Возниот парк обновен со стари камиони

Во  ЈП “ Комуналц “ во изминатите години, откако на чело на ова јавно претријатие е директорот Зоран Соклевски, инаку пулен на градоначалникот Владимир Талески возниот парк на камиони се обновувал исклучиво со набавка на стари и дотраени камиони.

Според информации од ЈП “ Комуналец “  директор Соклевски сите камиони кои ги набавил биле половни и веднаш се расипувале, па така денес во возниот парк на ова јавно претпријатие има поголем број расипани камиони, од кои некои не можат ниту да се поправат.

Соклевски неодамна набавил и половен пајак за подигнување на возила.

Тоа што е е мошне симптиматично, ни велат од ЈП “ Комуналец “  најголемиот број возила се набавени од конкурентска фирма на Комуналец и од човек кој бил близок роднина на Соклевски.

Инаку деновиве директорот Соклевски,  бил целосно сконцентриран да ги исплати своите блиски доверители и блиски деловни партнери.

Соклевски цело време сам управувал со фирмата и за цел период ое неговиот мандат го држел непоплнето местото технички директор, наводно чувајки го за себе за по предстанокот на мандатот да с еврати на старото работно место.

Во ЈП “ Комуналец “ деновиве тој вршел вистински терор, заканувајки им се на вработените кои почнале да пласираат некои информации во јавноста за неговите зделки и нагло богатење .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*