Home / Uncategorized / За шарлатанот Талески, шарлатани се новинарите

За шарлатанот Талески, шарлатани се новинарите

За битолскиот градоначалник Владимир Талески кој денеска доби нова кривична пријава случајот “ Транспортер “  во  кој тој е првобвинет е благодарение на многу шарлатанство, непрофесионализам и тенденциозност во новинарската фела.

Вака Талески  одговори на новинарско  прашање како го коментира извештајот што битолската полиција  го поднесе против него и уште неколкумина вработени во општинската администрација во  „Транспортер 2“ за неосновано работење и злоупотреба на службената положба.

Талески со други зборови во негов нарцисоиден стил, по кој знае кој пат ги обвини новинарите дека се виновни што случајот “ Транспортер “ добил толку голем публицитет.

Градоначалникот Талески го кажа тоа и остана жив.

Без ни малку срам и перде “таткото“ на градот ги искара непослушните новинари дека тие се виновни што тој е обвинет од страна на СЈО.

Но кога е во прашање Талески тој се однесува во стилот Скопско и се е можно.

Човекот  кој од министерот за финансии Зоран Ставревски во “бомбите “ беше наречен најголем криминалец и е обвинет за тежок криминал во врска со “бесплатниот “ превоз кој Битола и те како скапо го плати и ке го плаќа во наредните неколку години наместо да му се љути на својот министер  Зоран Ставревски за кој по “бомбите “ изјави дека одлично соработуваат, ги обвини новинарите  за криминалот со “бесплатниот“ превоз.

Иако Старевски кога го обелодени случајот упати тешки и навредливи зборови за Талески, нарекувајки го тежок криминалец и  лигле, кој му упати  уште и навреди и на лична адреса, никогаш во ниту една изјава не му врати на Ставревски за упатените тешки квалификации, туку изјавуваше дека тие одлично соработуваат, и овој пат не ја пропушти приликата по кој знае кој пат да ги обвини битолските новинари дека во најмала рака тие му го сместиле “ Транспортер “.

Дали  Талески и останатите обвинети се  виновни  во случајот “ Транспортер “ ке треба тој да докаже на суд, бидејки против него и останатите веќе е поднесено обвинение. Обвинението СЈО сигурно не го поднесе на барање на битолските новинари, туку откако слушнаа што зборува Ставревски з аовој скандал, кој и те како скапо (ќе) ја чини Битола.

Веќе на 28 септември почнува судењето во Скопје.

Но Талески треба да знае дека  ова е прв и единствен случај во историјата на Битола во кој  благодарение на градоначалникот и  неговата десна рака Слободан Бончановски се обвинети дури 25 лица, од кои најголемиот број се директори на училишта  управители на фирми и неколку раководни лица во општинската админситарција.

Ни најпеднатните хроничари не паметат кога имало ваков случај.

Својата невиност Талески ке може да ја докаже на суд, но на судењето во Скопје ке може да слушне и што мислат останатите обвинети директори за “бесплатниот“ превоз во Битола, кој за порталот на Битолски весник тврдат дека тие договорите за превозот ги потпишале под нивни  притисок.

Наместо времето да го искористи за што подобро да се подготви за судењето Талески без око да му трепне новинарите ги нарекува шарлатани.

Кога во изминатите 12 години на јавноста им ги презентираа неговите проекти, тогаш тие беа големи професионалци, кои во голема мера се заслужни за афирмацијата на Битола.

Сега, кога треба да се пишува за чорбата што сам си ја зготви заедно со неговиот “експерт“ Слободан Бончановски и во која ги вмешаа уште 20 тина други лица,  од кои најголемиот број пред судењето не знаат кај е главата тој ги обвинува новинарите дека се шарлатани.

Ако е и од Талески многу е, но мислам дека таа етикета нему многу повеке му одговара, бидејки во изминатоте 12 години Талески направи толку шарлатански работи, кои не би ги направил ни најголемиот политички дунстер.

Човекот очигледно не може сеуште да излезе од својот филм, во кој тој е и сценарист, глумец, режисер и продуцент.

Но како и секој филм така и овој сниман под рабоет наслов “ Битола тоа сум јас“ си има свој крај.

За два дена Талески ке биде минато.Тој од 28 септември почнува да игра во нов филм, по сценарио и режија на Катица Јанева.

Добро би било кога во тој филм своја улога би добил и министерот за финансии Зоран Ставревски за да им објасни на гледачите што мислеше кога во “бомбите “ тврдеше дека Талески е криминалец до даске и да го објасни начинот на кој тој ја доведе Битола да го плаќа најскапиот “бесплатен “ превоз.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*