Од пред повеќе од еден час, речиси половина Битола е без електрична енергија.
Струја немаат централното градско подрачје, Широк сокак, Основниот и Апелациониот суд, градската чаршија, како и општината Битола.
Од ЕВН информираат дека до немањето струја, дошло поради дефект во далноводот.
Засега нема информации кога ќе биде отстранет дефектот и колку време, половина град ќе биде без електрична енергија.
Б.В.