Home / Спорт / “ЗА НЕД ДО” со над 150 натпреварувачи на својот годишен изборен турнир

“ЗА НЕД ДО” со над 150 натпреварувачи на својот годишен изборен турнир

На десетти април  2016 година, во спортската сала на ОУ “Ѓорѓи Сугарев” – Битола, со времетраење од шест часа се одржа традиционалниот годишен изборен турнир на Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО” од Битола.

-Април е месец на чиј почеток ние традиционално ја правиме првата селекција на најдобрите наши натпреварувачи по дисциплини и тоа ни е смерница за составување на тимови кои ги компарираме со настаните од календарот за меѓународни турнири и натпревари – изјави Златко Неделковски,  основач на Академијата.

На турнирот учество зедоа над 150 натпреварувачи кои својата подготвеност ја презентираа во четири категории: борби (семи и лајт контакт, кик бокс и фул контакт како и борби во ТФС – ЕСД), демонстрации со традиционално оружје, демонстрации на самоодбрана и техники на кршење.

-Денес имаме огромен број натпреварувачи од кои добар дел се натпреваруваа и во две или три категории така да таа бројка се дуплира во најмала рака. Оставаме простор секој да се докаже во она што смета дека е најдобар. Секако не изостануваат насоките од мајсторот и инструкторите кој за што е повеќе или помалку подготвен. Од овој турнир ние составуваме листа по категории и од тие натпреварувачи се повикуваат подобрите за подготовки и мини – турнири каде се формира тимот кој ја претставува академијата а со тоа и Македонија на меѓународни турнири и натпревари за календарската 2016 година – изјави Дијана Неделковска,  главен тренер во Академијата.

Традиционалниот годишен изборен турнир на Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО” воедно е почеток на макотрпната работа за формирање на финалниот селекционен тим за престојното светско првенство за 2016 година.

-Ова е најдобар начин и ние како инструктори и тренери, но и самите натпреварувачи па и нивните родители да видат кој ученик на кое ниво е. Не секој е натпреварувач. Но и не секој кој рекреативно се занимава со овој спорт и вештина е спречен да стане нешто повеќе. Се е тоа основа на методологија – педагогија и волја при работа со учениците. Денес право на учество имаа сите членови на Академијата. Ова е нешто сосема друго за разлика од традиционалните полагања и напредување по степен на знаење. Тука во преден план доаѓа чистината на техниката и талентот. Овој априлски традиционален годишен изборен турнир од година во година зазема се поголеми димензии на посетеност. Она на што сме ние горди како тренери и инструктори е желбата на самите ученици за учество – истакна Златко Неделковски.

Медали добија сите. Тоа е заедништвото по која е позната оваа академија, дипломи исто така, иако најбитно сепак беше кој успех е забележан во нив.

Оваа година повторно е воведена и наградата “најдобар натпреварувач на турнирот” која се доделува по сегементите партиципација во повеќе категории и успехот остварен во истите.

Овој пехар годинава според бодовната листа замина во рацете на Христијан Котевски кој воедно е и двократен учесник и првак на светските првенства во 2014 година во Умаг – Хрватска и 2015 година во Хаген – Германија.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*