Home / Вести / Асфалт од Скочивир до Коњарка

Асфалт од Скочивир до Коњарка

По завршувањето на подготвителните активности на теренот , механизацијата на ЈП Македонија Пат започна со активностите за асфалтирање на патниот правец од с.Скочивир до река Коњарка (Излетничко место на река Коњарка ) во должина од 3 км .
Станува збор за инфраструктурен проект финансиран од ЈП за државни патишта на РСМ во соработка со општина Новаци .
Благодарение на залагањето на градоначлникот Љубе Кузманоски жителите од овај регион добиваат пристапен патен правец со што ќе се рефлектира на зголемување на квалитетот на живот и збогатување на туристичката понуда поготово за Излетничкото место на река Коњарка.

“Изградбата на овој патен правец е од големо значење за жителите од овој крај .Не само што го зголемуваме квалитетот на живот на локалното население градејќи инфраструктура за сите, ја зголемуваме и туристичката понуда за овој крај кој располага со бројни културно -историски споменици кои датираат од Прва светска војна олеснувајќи го пристапот до нив .Одсега за љубителите на убавата природа , рекреативност и одмор и излетничкото место на река Коњарка ќе биде подостапно .”-истакна градоначалникот Кузманоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!