Home / Вести / Општина Новаци со свои автобуси ќе ги превезува учениците

Општина Новаци со свои автобуси ќе ги превезува учениците

                  

          Општина Новаци во иднина со сопствени автобуси, минибуси и комбиња ќе ги превезува учениците.

          Ова беше речено за време на денешната посета на министерот за локална самоуправа  Горан Милевски и директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион  Гого Видимче на Новцаи.

-Со финансиска поддршка од локалната самоуправа преку Бирото за рамномерен регионален развој и Пелагонискиот плански регион обезбедени се две нови возила за Општина Новаци. Тоа е минибус со 30 седишта и комбе со 9 седишта. Финансиската конструкција е 4.200.000 денари помош од Министерството за локалната самоуправа и 2.500.000 денари сопствени средства од буџетот на Општина Новаци. Со овие возила ние ќе ги превезуваме  учениците до централното основно училиште во Новаци кои доаѓаат од петто до деветто одделение и следат настава во Новаци. Освен заштеда и поврат на инвестицијата повеќе ќе немаме проблеми со превозот затоа што често се случуваше по неколку часа учениците да чекаат превоз заради зафатеност на приватните превозници, или дефект но и од други причини.Покрај овие две возила имаме уште други две комбиња кои ги вклучуваме во превозот на учениците и еден автомобил, така што  се надевам дека оваа година со почетокот на учебната година на 5. октомври ќе немаме  никаков проблем за превозот на учениците од основното образование, истакна градоначалникот на Новаци, Љубе Кузманоски .

          На промоцијата на купените возила присуствуваше и министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

       -Денеска сме во Општина Новаци со цел да направиме увид на оние набавки кои што се реализирани со средства од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за рамномерен регионален развој и Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион. Во Новаци набавивме еден мини-автобус со 30 седишта и комбе со 9 седишта кои што ќе бидат во функција на учениците и на тој начин Општина Новаци и градоначалникот ќе го решат проблемот со превозот на учениците, ќе се заштедат средства и општината комплетно ќе си го превземи тоа организирање што е за поздравување бидејќи знаеме дека сите општини имаат проблем со организирањето на превозот на ученици. Со ова всушност докажуваме дека ние инвестираме паралелно како во градските средини така и во руралните средини бидејќи нас граѓаните ни се подеднакво важни независно каде живеат. Финансиската конструкција на овој проект е 6.600.000 денари дел од Министерството за локална самоуправа, а дел на од буџетот на Општина Новаци, истакна министерот за локална самоуправа, Горан Милевски .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*