Home / Вести / Опозицијата бара да се испита кој го загадува Драгорот?

Опозицијата бара да се испита кој го загадува Драгорот?

На последната седница на Советот на барање на независната листа “ Поинаку “ е побарано  надлежните општински органи да изготват информација и подготват предлог како да се реши проблемот со загаденоста и смрдеата на водите на реката Драгор н влезот за Битола од страната на Охрид, наспроти млекарницата “ Здравје “ Радово.

          Иако локалната власт не сакаше да се стави таквиот предлог на дневен ред сепак со помош на глаосвите на советниците на партијата на пензионери, ДУИ и ДОМ се изгласа предлогот на “ Поинаку “ и за прв пат мнозинството во Советот беше надхласано, што е прв знак дека актѕелното мнозинство во сегашниот Совет веќе не може да смета да досегашното мнозинство.

          Инаку според фотографиите кои ги добивме во нашата редакција во тој дел на Битола има два базени со белат течност која с евлева во реката Драгор и кои шират неподнослива миризба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*