Home / Uncategorized / Авиони тргнаа за гаснење на пожарот на Пелистер

Авиони тргнаа за гаснење на пожарот на Пелистер

По појавата на пожарот на Пелистер во моментот во неговото гаснење се вклучени четири против пожарни екипи, кои се обидуваат истиот да го локализираат.

Иако засега пожарот не е со големи размери сепак по барање на Дирекцијата за спасување од пред половина час, за Пелистер тргнаа авиони, канадери, кои ќе се  вклучат во неговото гаснење.

Инаку пожарот се појавил кај изворите на реката Шемница,а  моментно гори нискостеблеста шума, истакнува командирот на Противпожарната единица на Битола, Костадин Поповски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!