Don't Miss
Home / Култура / Битола дел од глобалната прослава на Меѓународниот ден на џезот

Битола дел од глобалната прослава на Меѓународниот ден на џезот

Меѓународниот ден на џезот 30 април, годинава во Битола ќе биде одбележан со концерт на Мицанов, Поповски, Јосифовски и Стевковски квартет. Настанот е во организација на УНЕСКО младински клуб на МКЦ – Битола во соработка со “Порта Џез“, со што Битола по трет пат се вклучува во оваа глобална акција.

Oliver Josifovski

Концертниот настан ќе се одржи во четврток 30 април 2015 година во кафе барот Порта Џез во Битола, со почеток во 21.30 часот, при што влезот е слободен за сите љубители на добрата музика.

-Овој настан е дел од глобалната акција за прослава на Меѓународниот ден на џезот кој вклучува настапи и концерти во преку 100 земји во светот. Овој ден ги сплотува нациите и општествата прославувајќи ја уметноста на џезот, потенцирајќи ја неговата важна улога во охрабрувањето на дијалогот меѓу културите и цивилизациите, промовирајќи го човековото достоинство. Поради овие вредности УНЕСКО го поттикнува и охрабрува одбележувањето на овој ден-рече денеска на прес конференција д-р Сашо Додовски, директор на МКЦ Битола.

Sasho Popovski

-На овој меѓународен на џезот во Битола ќе настапиме во формација квартет заедно со легендата на македонската џез сцена саксофонистот Гоце Мицанов, контрабасистот Оливер Јосифовски и Гоце Стефковски. ВО САД, месец април е месец на џез музиката, додека на 30 април е финалната прослава. Настанот во Битола во организација на МКЦ е за поздравување и се надевам дека ќе возобновиме еден пионерски проект во Битола за организирање на џез фестивал тој да продолжи и во иднина, бидејќи Битола заслужува да има џез фестивал-рече на прес конференцијата Сашо Поповски, м-р по поп и џез гитара, професор на Универзитетот Гоце Делчев – Штип по историја на џезот, кој има настапувано на преку дваесетина фестивали во земјата и странство и активно работи на пренесување на знаење и преку неформално образование на младите за џез музиката во програмите ,,Џез фабрика,,.

Бендот, на настапот во Битола, ќе изведе неколку авторски џез композиции на Мицанов и на Поповски како и модерни џез стандарди.

Инаку,Гоце Мицанов е легендарен саксофонист со извонредно богата музичка кариера. Меѓу другото бил долгогодишен член на најпознатиот македонски бенд Леб и Сол, во групата Парамециум и како член на Биг Бендот на МРТ. Тој е можеби едниствениот македонски музичар кој има настапувано заедно со светската музичка и џез легенда Реј Чарлс.

Дел од бендот ќе бидат и Оливер Јосифовски – контрабас инаку познат и како лидер на македонската група Љубојна и Гоце Стевковски – тапани кој неодамна го промовираше неговиот прв самостоен албум „7 приказни”, а бил дел и од многу наши познати бендови како Бодан Арсовски Езгија Бенд, Архангел, Леб и сол, Проект Жлуст, ДНО и други бројни џез проекти.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*