Home / Uncategorized / Битола ќе добие црква на својот заштитник “Св. Нектариј “

Битола ќе добие црква на својот заштитник “Св. Нектариј “

Доколку не излезат некои непредвидени работи наскоро во центарот на Битола, до Градскиот часовник ќе започнат изведбените работи за изградба на црквата , посветена на заштитникот на Битола “ Св. Нектариј Битолски”.

nektarij 1    nektarij 7
Ова денеска им го соопшти на новинарите градоначалникот на Битола, д-р Владимир Талески, кој имаше заедничка средба со митрополитот преспанско- пелагониски г.г. Петар и луѓето од Заводот и Музеј, како и проектантите на црквата.

Инаку со одржувањето на прес- конференцијата и соопштувањето на ваквата вест, Битола денеска ги започна свеченостите посветени на заштитникот на градот “Св. Нектариј  Битолски “.

nektarij 9   nektarij 8

Во чест на “Св.Нектариј “ вечерва во црквата Св. Богородица ќе се одржи свечена богослужба, а во Народниот театар ќе се одржи свечена седница.
Свеченостите ќе продолжт и утре, кога по свечената божествена литургија во црквата “Св. Димитрија” ќе се одржи литија низ градот, во која сите свештено служители со носење на светите мошти, знамиња и икони ќе го одбележат денот на заштитникот на Битола.
Инаку,  заштитникот на градот Битола живеел во времето кога Турците ја поробиле Битола. Роден е 1430 год. По налетот на турските војски неговото семејство го напуштило градот, така што неговиот татко со двете деца заминал во манастирот “Св. Кузман и Дамјан”, а младиот Нектариј се замонашил во Св. Гора, а во своите молитви непрестано се молел за здравјето и среќата на битолчани.
Откако ја открил својата видовитост тој станал заштитник на бракот и плодноста кај народот.
Своите искушенија тој ги надминал благодарение на неговиот духовник на Св. Гора Дионисиј.
Во 2008 година Битола го прифати предлогот на Владиката Петар “Св. Нектариј- Битолски” да биде заштитник на градот. На тој ден сите граѓани на Битола се заедно.

 
Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!