Home / Вести / Битолчанец со трактор се обидел да влезе во казино, лишен е од слобода

Битолчанец со трактор се обидел да влезе во казино, лишен е од слобода

Полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 40 годишниот битолчанец со иницијали П.К. откако со трактор се обидел да влезе во казино во Битола.
Битолчанецот се сомничи дека вчера на 18.03.2024 околу 23.35 часот со трактор оштетил влезна врата на казино во Битола, како и неколку столбчиња од парк пред влезот на казиното. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*