Home / Uncategorized / Битолски весник добитник на 4 Ноемвриската награда

Битолски весник добитник на 4 Ноемвриската награда

Управниот одбор за доделување на највисокото општинско признание, наградата 4-ти Ноември, доцна попладнево ги утврди добитниците на 4-то номевриската награда за 2014 година.

Добитник на највисокото општинско признание, со одлука на Управниот одбор стана редакцијата на Битолски весник.
Ова високо општинско признание Битолски весник го доби заради тоа што годинава го слави својот златен јубилеј, 50 години од излегувањето на првиот број, кој е отпечатен на 29 април 1964  година.
Наградата за животно дело ја доби Вера Стојчевска Антиќ, за своето творештво во просветата и науката.
Меѓу останатите добитници на наградата 4-ти Ноември се, уште Фабриката “Цермат”, актерот на Народниот театар Битола, Огнен Дранговски, д-р Вангел Тодоров и Зоран Пејковски.
Свеченото доделување на највисоките општински признанија ке бидат врачени утревечер на свечената седница на Советот, која ќе се одржи во Народниот театар Битола.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*