Home / Вести / Отворен почесен конзулат на Босна и Херцеговина во Битола

Отворен почесен конзулат на Босна и Херцеговина во Битола

Во рамките на свеченостите по повод одбележувањето на 70- годишнината од ослободувањето на Битола, вечерва беше отворен почесниот конзулат на Босна и Херцеговина во Битола.
Конзулатот за отворен го прогласија градоначалникот на Битола, д-р Владимир Талески и замениците министри за надворешни работи на Босна и Херцеговина и Македонија.

bosanski 3

За прв почесен конзул на Босна и Херцеговина во Битола е именувана познатата естрадна ѕвезда на Битола, Билјана Дамјановска- Јанчевска.
Инаку отворањето на почесниот конзулат на Босна и Херцеговина во Битола дојде во моментот кога дури три земји ги затворија своите почесни конзулати во градот под Пелистер.

bosanski 6

Во изминатите неколку месеци своите почесни конзулати во Битола ги затворија Хрватска, Велика Британија и Словенија.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!