Home / Вести / Блиски членови на покојниот битолчанец позитивни на коронавирусот

Блиски членови на покојниот битолчанец позитивни на коронавирусот

                  

          Според здравстевниот билтен на Министерството за здравство во Битола  во изминатото деноноќие  регистрирани се две лица позитивни на коронавирусот.

          Двајцата новозаболени од  ковид 19,  според  информацијата од Министерството  за здравство  се членови на потесното семејство на 63 годишниот битолчанец кој пред два дена почина од коронавирус во Клиничката болница , веднаш по хоспитализирањето на интерното одделение.

По неговата смрт посмртно  му беше земен брис и беше констатирано дека починатиот битолчанец  бил позитвен на ковид 19.

Инаку во Клиничката болница во Битола   се лекуваат  вкупно 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3 позитивни на ковид 19.

Со денешните два нови случаи, вкупниот број на заразени од почетокот на епидемијата во Битола изнесува  22 лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!