Home / Спорт / Брзопотезен турнир во шах во Милениум

Брзопотезен турнир во шах во Милениум

Во организација на Шаховскиот клуб „Стево Патако“ од Битола денеска во хотел ресторанот Милениум се одржа брзопотезен шах турнир со учество на 24 натпреварувачи.

Се играа 9 кола по швајцарски систем.

Со 8 поени од 9 кола победи Лазе Рајчевски.

На второ место се пласира легендата на битолскиот шах Борче Илиевски.

Третото место го освои Јосип Димитровски, стандарден играч на шаховскиот клуб.

Четврто место освои Томе Тодоровски првата табла на Шаховскиот клуб „Стево Патако“.

На петто место се пласира Цане Степановски уште еден ветеран на битолскиот шах.

Од  младите најдобро пласиран беше Марјан Христовски пред Филип Томевски и Алекс Насков.

За сите нив, клубот “ Стевче Патако “предвиде и додели соодветни награди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!