Don't Miss
Home / Uncategorized / Честитка од Самсоненко за Рамазан Бајрам

Честитка од Самсоненко за Рамазан Бајрам

По повод големиот празник на граѓаните од муслиманска вероисповед со честитка се јави почесниот конзул на Русија во Битола, неговата екселенција, Сергеј Самсоненко.

На верниците од исламска вероисповед им посакувам овој празник да го прослават во радост и среќа, со топли чувства кои ќе го исполнат семејниот дом.   Токму тука, помеѓу најблиските, се наоѓаат темелите на човековата сила, издржливост и енергија за справување со сите животни предизвици.

Преиспитувајќи се себе си, човек препознава простување, разбирање и подготвеност да се прифати другиот. На тој начин се афирмираат највисоките општествени вредности на кои почива и единствено како таков е можен соживотот помеѓу сите припадници на заедницата.

Честит Рамазанбајрам!

Со почит,

Сергеј Самсоненко

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*